English      
TAIEX

        TAIEX (The Technical Assistance Information Exchange Office – Техничка помош за размена на информации) е инструмент на Генералниот директорат за проширување. TAIEX се финансира од мултилатералната програма ИПА (Инструмент за претпристапна помош на ЕУ) по принципот „прв пријавен, прв услужен“.TAIEX е замислен како еден вид на краткорочна техничка помош за земјите - кандидатки и потенцијалните земји - кандидатки од Западен Балкан во областа на приближување, примена и спроведување на правото на ЕУ како и во надградбата на неопходната административната структура.
 

        TAIEX всушност има посредничка улога во пренесувањето на искуствата од Европската комисија и земјите членки на ЕУ кон потенцијалните земји за интеграција во ЕУ. Со програмата раководат стручњаци од TAIEX канцеларијата, Генералниот директорат за проширување, во тесна соработка со стручњаци од државните и регионалните административни тела на земјите – членки и другите органи на ЕУ. Покрај стручњаците од државните и регионалните управи, TAIEX ангажира и стручњаци од различни здруженија и институции од полуприватниот сектор, а во одредени случаеви и од универзитети и од приватниот сектор. На тој начин корисниците имаат можност да добијат помош од стручњаци кои работаат на исто ниво во јавните управи во земјите членки како и стручњаци кои се специјализирани за одредени прашања.
 

TAIEX ги нуди следниве услуги:
 

  • експертски мисии во земјата корисник;
  • информативни посети на експертите од земјите кориснички (семинари);
  • работилници за помош при решавањето на клучни проблеми во процесот на приближување на законодавството;
  • обука за администрацијата и инспекторите;
  • мисии за проценка;
  • користење на Бази на податоци;
     

        Со оглед на важноста на TAIEX, неопходно е министерствата да ја идентификуваат потребата за користење на услугите на TAIEX и барањата да ги достават до Секретаријатот за европски прашања – (СЕП), како координатор на TAIEX активностите.
 

        Координатор на TAIEX активностите во Република Македонија е Секретаријатот за европски прашања. Барањата за експертска помош, организирање на работилници и студиски претстои се праќаат преку Секретаријатот за европски прашања – (СЕП), до Делегацијата на Европската Комисија, а информациите од TAIEX канцеларијата во Брисел прво се доставуваат во Мисијата на Република Македонија во Брисел, а потоа се проследуваат преку Секретаријатот за европски прашања – (СЕП) до надлежните органи.
 

Кои се корисниците?
 

        Канцеларијата на TAIEX обезбедува помош за било која од фазите на процесот на приближување и имплементација на законодавството во земјите кориснички:
 

Главните целни групи на TAIEX се:
 

  • службеници во јавната администрација
  • државните службеници кои работат во Собранието и собраниските комисии
  • професионални и трговски здруженија, кои ги претставуваат социјалните партнери, како и претставници на синдикатите и здруженијата на работодавци
  • службеници кои работат во администрацијата на локално ниво
  • судии и адвокати
  • толкувачи, ревизори и преведувачи на законодавните текстови

 

Апликации

 

Application form for TAIEX Expert Mission

Application form for TAIEX Study Visit

Application form for TAIEX Workshop

 

 

Презентација

 

TAIEX - (Technical Assistance Information Exchange Office) Presentation

 

 

 

 

Повеќе информации на  www.taiex.be
 

Контакт:
 

Невенка Стаменковска
 

02/3200-244
 

Nevenka.stamenkovska@sep.gov.mk 
 

Секретаријат за европски прашања 2008