| [15.02.2010] |
| Редовна средба со претставници на Европската комисија |
| |
[ назад кон листата на новости ]
|
Денес во Секретаријатот за европски прашања се одржа редовна средба меѓу претставници на Европската комисија и претставници на Секретаријатот за европски прашања. На средбата се разговараше за тековните активности и реформи кои се спроведуваат во процесот на европска интеграција, а се разгледаа и плановите за идните чекори кои треба да се преземат во овој процес. Тимот на ЕУ беше предводен од Кристјан Хедберг, шеф на оддел задолжен за Република Македонија во Директоратот за проширување во Европската комисија.
|
|