English      


[18.02.2010]
Делегации на Европскиот парламент во посета на Република Македонија
 
[ назад кон листата на новости ]

  

„На средбата со претставниците на Делегацијата на мешовитиот парламентарен совет на Република Македонија и Европската унија и Делегацијата на комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент, Владата на Република Македонија ја потврди заложбата за продолжување со сите реформски процеси и испорачување на конкретни резултати во процесот на европска интеграција“, истакна вицепремиерот за европски прашања д-р Васко Наумовски на денешната конференција за медиуми. „Во Европскиот парламент и во минатото и сега и во иднина ќе гледаме цврст партнер и сојузник  “,  додаде вицепремиерот Наумовски .

Според ко-претседавачот на Мешовитиот парламентарен совет на Република Македонија и Европската унија Јоргос Шацимаркакис посетата на делегацијата на ЕП е со цел  да се даде поддршка на Република Македонија за отпочнување на пристапните преговори особено сега по добивањето  на позитивниот извештај на ЕК и позитивната Резолуција изгласана од ЕП минатата недела. „ Утрешната посета на комесарот за проширување Штефан Фуле е потврда за желбата вашата земја која е пример за целиот регион набрзо да стане член на ЕУ“, рече Шацимаркакис,

Алојз Петерле исто така  во својство на ко-претседавач на Мешовитиот парламентарен совет на Република Македонија и Европската унија го поздрави остварениот напредок  и истакна дека остварувањата не се само на домашен план, туку и во однос регионалната соработка каде Македонија постигна многу со што  придонесува и за стабилноста во регионот.

Според Зоран Талер, известител за Република Македонија во ЕП   денешната посета  на двете парламентарни делегации во овој важен момент како и најавената посета на еврокомесарот Фуле е јасна порака дека сите институции на ЕУ се заинтересирани за остварување на напредок во процесот на европска интеграција на Република Македонија.




 



...61626364656667686970...
Секретаријат за европски прашања 2008