| [19.02.2010] |
| Еврокомесарот Фуле во посета на Македонија |
| |
[ назад кон листата на новости ]
|
Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Фуле денеска престојуваше во еднодневна посета на Република Македонија. За време на посетата Фуле оствари средба со делегација на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Никола Груевски, во која беше и вицепремиерот за европски прашања д-р Васко Наумовски. На средбата стана збор за процесот на европска интеграција на Република Македонија и за реформите кои се преземаат во таа насока. 
|
|