English      


[25.02.2010]
15 состанок на Работниот комитет за европска интеграција
 
[ назад кон листата на новости ]

  

На 24 февруари 2010 година се одржа 15 –от состанок на Работниот комитет за европска интеграција (РКЕИ) со кој претседаваше заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Васко Наумовски.

На состанокот се дискутираше за статусот на реализација на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) со посебен осврт на реализираните активности во изминатиот период како и поврзувањето на НПАА со ревидираното Партнерство за пристапување.

На денешниот состанок на РКЕИ меѓу другото се разгледа и статусот на ИПА програмите како и информациите  за реализираните   состаноци на поткомитетите како институционални тела согласно спогодбата за  Стабилизација и асоцијација.

РКЕИ е меѓуресорско тело во кое членуваат државните секретари од министерствата.  
 
 



...61626364656667686970...
Секретаријат за европски прашања 2008