English      


[02.03.2010]
Потпишана Повеќегодишната спогодба за финансирање 2007-2010 за ИПА Компонента 5 - Рурален развој
 
[ назад кон листата на новости ]

  

Денес заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Васко Наумовски и специјалниот претставник на ЕУ и шеф на Делегацијата на Европската унија, амбасадорот Ерван Фуере ја потпишаа Повеќегодишната спогодба за финансирање 2007-2010 за ИПА Компонента 5 - Рурален развој.
„Одлуката на Европската комисија за целосен пренос на правото за управување со ИПАРД фондовите за земјоделство и рурален развој, како и денешниот чин на доделување на првите средства во износ од 31.5 милиони евра, се најдобро признание за капацитетот и зрелоста на националните институции за раководење со фондовите на Европската унија“, истакна вицперемиерот Наумовски.
Според Наумовски потпишувањето на овој значаен документ доаѓа како резултат на посветена, напорна и истрајна работа на надлежните владини институции пред се на: ИПАРД агенцијата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања.
„Со ова потпишување вашата земја прави значителен чекор во земање учество во политиката на ЕУ за земјоделство и рурален развој. Оваа политика всушност значи поддршка за одржување и развој на руралните заедници, како интегрален на дел на општеството“, рече амбасадорот Фуере.
Амбасадорот Фуере нагласи дека согласно приоритетите дефинирани во Партнерството за пристапување, Националната програма за земјоделство и рурален развој поддржува и политики кои се насочени кон промоција на одржлив и конкурентен земјоделски сектор. 
Средствата од ИПАРД програмата се насочени кон следниве мерки:
• инвестиции во земјоделски стопанства;
• инвестиции во преработка и пласман на земјоделски производи; и
• диверзификација и развој на економија.
Покрај доделените средства од ЕУ, Владата на Република Македонија за периодот 2007 - 2010, инвестира сопствено учество од 10,5 милиони евра за истите мерки.
 

 



...61626364656667686970...
Секретаријат за европски прашања 2008