English      


[02.03.2010]
Средба Андоновски - Нирк
 
[ назад кон листата на новости ]

  

Државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања Јован Андоновски денес оствари средба со Тонис Нирк, генерален директор на одделот за Европска унија во Министерството на надворешни работи на Република Естонија.
За време на средбата беа потенцирани заложбите на Република Македонија за исполнувањето на потребните критериуми и реформите за членство во Европската унија. На средбата исто така беше истакнато дека европската интеграција претставува стратешка определба на Владата на Република Македонија и токму затоа активно и посветено ќе продолжи да напредува во тој процес.
На средбата државниот секретар Андоновски се осврна на активностите кои се преземаат во процесот на европска интеграција на Република Македонија.
Тонис Нирк ја нагласи поддршката која Република Естонија и ја дава на Република Македонија во процесот на приклучување кон Европската унија.
 



...61626364656667686970...
Секретаријат за европски прашања 2008