| [04.02.2010] |
| Експертите за вештини и работни места повикуваат на акција |
[ назад кон листата на новини ]
|
Неопходна е итна акција за да се реши проблемот со недостиг на вештини во Европа и да и се им даде на Европејците поголема можност за успех на пазарот на работна сила и во иднина, се вели во независниот експертски извештај објавен од Европската комисија на 4 февруари 2010 година. Извештајот – „Нови вештини за нови работни места: Акција сега“- ја нагласува потребата да се мотивираат луѓето за надоградување на нивните вештини, да се подобри врската меѓу образованието, обуката и работата, да се развие вистинската мешавина на вештини, и подобро да се предвидат вештините потребни за во иднина. Извештајот содржи конкретни препораки како да се реши недостигот на вештини во Европа и е наменет за носителите на одлуки во ЕУ и на национално ниво, бизниси, синдикати, даватели на услуги во образованието и обуката како и за службите за вработување. Извештајот повикува на акција во четири главни области: 1. Обезбедување подобра мотивација за работодавците и поединците да се дообразуват, при што инвестициите во вештините мора да бидат значајни, паметни, а не само финансиски; 2. Отворање на световите за образование и обука, со тоа што институциите за образование и обука ќе бидат поиновативни и ќе одговорат на потребите на учениците и на работодавачите, и преку развој на соодветни квалификации кои се фокусираат на конкретни резултати за учење; 3. Понуда на подобра комбинација на повеќе вештини кои се прилагодени кон потребите на пазарот на трудот; 4. Подобро предвидување на идните потреби за вештини.
|
|