English      


[08.02.2010]
Избрано новото лого за сите органски производи на ЕУ

[ назад кон листата на новини ]

  

Европската комисија денес официјално го објави победникот на натпреварот за избор на органско лого на ЕУ. Изминативе два месеци околу 130 000 лица гласаа преку интернет за избор на ново органско лого од трите финалисти. Победничкиот дизајн е на Душан Миленковиќ, студент од Германија кој освои околу 63% од гласовите за неговиот предлог  за лого „Евро-лист“. Од 1 јули 2010 година органското лого ќе биде задолжително за сите органски производи кои се произведени во било која земја-членка на ЕУ и ги исполнуваат неопходните стандарди. За увезените производи употребата ќе биде по избор. Исто така покрај ознаката не ЕУ ќе биде дозволено да стојат и други приватни, регионални или национални логоа.
 



...21222324252627282930...
Секретаријат за европски прашања 2008