| [09.02.2010] |
| Парламентот ја избра новата Европска комисија |
[ назад кон листата на новини ]
|
Европскиот парламент денес во Стразбур ја избра новата Европска комисија со 488 гласа за, 137 против и 72 воздржани. Се гласаше за целиот колеџ на комесари во кој влегува по еден комесар од секоја од 27-те земји-членки. Новата комисија има мандат до 31 октомври 2014 година. За споредба првата Комисија на Баросо беше избрана во ноември 2004 година со 449 гласа за, 149 против и 82 воздржани. На изборот му претходеа сослушувања на номинираните комесари од страна на комисиите во Парламентот кои се спроведоа во јануари и февруари. Секоја комисија достави евалуација за соодветниот предложен комесар до Конференцијата на претседатели (тело во кое членуваат претседателот на ЕП и водачите на политичките групи). Сите евалуации беа позитивни и Конференцијата на претседатели го одбори гласањето за целиот состав.
|
|