English      


[17.02.2010]
Комисијата формираше два нови Генерални директорати за енергија и за климатска акција

[ назад кон листата на новини ]

  

Европската комисија денес донесе неколку одлуки во врска со организационата структура која произлегува од алокацијата на портфолијата на комесарите. Со тоа се формираа два нови директорати: ГД за енергија (ЕНЕР) и ГД за климатска акција (КЛИМ). ДГ за енергија има се состои од одделите во поранешниот ГД за Транспорт и енергија кои се занимаваа со прашања од областа на енергијата и Работното тело за енергија, кое ќе биде префрлено од ГД за надворешни односи. Функцијата на генерален директор ќе ја извршува Филип Лоу, кој моментално е на позицијата генерален директор на ГД за конкуренција. Одделите за транспортна политика ќе останат во рамките на преименуваниот ГД за мобилност и транспорт (МОВЕ). ГД за климатска акција ќе се состои од соодветните оддели во ГД за животна средина и ГД за надворешни работи поврзани со меѓународните преговори за климатските промени како и одделите за климатски промени во рамки на ГД за претпријатија за индустрија. Сегашниот заменки-генерален директор на ГД за животна средина, Још Делбеке, е именуван за генерален директор на ГЗ за климатска акција.
 



...21222324252627282930...
Секретаријат за европски прашања 2008