English      


[22.02.2010]
Европската комисија предлага обновување на самостојните трговски привилегии за земјите од Балканот

[ назад кон листата на новини ]

  

Европската комисија денес усвои предлог за продолжување на исклучителните самостојни трговски привилегии кои Европската унија ги одобрува на земјите од Западен Балкан до 2015 година. Целта на овој предлог е да се обезбеди дека економиите од Западен Балкан продолжуваат да имаат корист од неограничен безцарински пристап до пазарот на ЕУ за приближно сите производи кои потекнуваат од овие земји и територии. Заедно со воспоставените билатерални спогодби, овие трговски привилегии ја подржуваат економската интеграција во ЕУ и на тој начин ја поттикнуваат политичката стабилност и економскиот напредок во целиот регион.
Корисниците се учесници во Процесот на стабилизација и асоцијација на ЕУ, имено: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија, Црна Гора, Србија и царинската територија на Косово.
Во 2000 година, Европската унија за прв пат воспостави исклучителен неограничен безцарински пристап до пазарот на ЕУ за приближно сите производи кои потекнуваат од регионот на Стабилизација и асоцијација. Режимот беше обновен во 2005 година. Дополнително, Спогодби за стабилизација и асоцијација или Времени спогодби за трговија и прашања поврзани со трговија беа воспоставени со целиот Западен Балкан, освен со царинската територија на Косово. Сегашниот режим на самостојни трговски привилегии предвидено е да истече на 31 декември 2010 година. Прекинот на трговските привилегии предизвикува ризик за негативни последици за вкупните економски перформанси на Западниот Балкан, со реперкусии врз домашните реформски процеси.
Од тие причини, Европската комисија предлага да се обнови привилегираниот режим до 31 декември 2015 година. Нејзината цел е двојна: (1) да се дозволи на сите земји од Западен Балкан и понатаму да имаат корист од привилегираниот трговски режим, со тоа што ова е покорисно отколку третманот предвиден во Спогодбите за стабилизација и асоцијација или Времените спогодби; (2) дополнително да се дозволи царинската територија на Косово да има корист од сегашното ослободување од царина, третман без квоти за скоро сите производи кои се извезуваат (односно, со исклучок на јунешко месо (baby-beef), риби и вино кои се предмет на квоти).
 



...21222324252627282930...
Секретаријат за европски прашања 2008