English      


[24.02.2010]
Комисијата реагира на повикот за појака агенција за управување со границите на ЕУ

[ назад кон листата на новини ]

  

Комисијата денес донесе одлука за зајакнување на агенцијата на Европската унија за управување со границите, Фронтекс. Предлогот вклучува зајакнување на прваната рамка за да се обезбеди целосно почитување на фундаменталните права за времена на активноститие на Форнтекс како и зајакнување на оперативниот капацитет на Фронтекс за поддршка на земјите-членки. Со новиот предлог земјите-членки ќе вложат повеќе опрема и ќе и стават на располагање повеќе персонал на агенцијата. Фронтекс ќе може да ги води граничните патроли заедно со зземјите-членки. Исто така ќе се овозможи техничка помош на трети земји и испраќање на офицери за врски во трети земји.  

„Денешниот предлог дава можност за поголема солидарност и подобра соработка меѓу земјите на ЕУ. Тоа дава можност и за подобро справување со илегалната миграција и трговијата со луѓе, а во исто време ќе се зајакнат механизмите со кои ќе се гарантира целосно почитување на фундаменталните права. Се надевам дека Европскиот парламент и Советот ќе реагираат брзо за трансформација на овој предлог во закон со цел Агенцијата да ги добие неопходните човечки и технички ресурси.“, изјави комесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром. 
 



...21222324252627282930...
Секретаријат за европски прашања 2008