English      


[05.03.2010]
Европската комисија ја зајакнува својата заложба за еднаквост меѓу жените и мажите

[ назад кон листата на новини ]

  

Во пресрет на меѓународниот ден на жената, Европската комисија ја зајакна и продлабочи својата заложба за еднаквост меѓу жените и мажите со Повелба за жените. Оваа политичка декларација дефинира пет клучни области за делување и ја обврзува Комисијата за вградување на родовата перспектива во сите нејзини политики во следните пет години преку преземање на конкретни мерки за промовирање на еднаквоста.
„Оваа Повелба ја претставува заложбата на Комисијата за родовата еднаквост да стане реалност во ЕУ. Жените и мажите се уште се соочуваат со широко распространети нееднаквости, со сериозни реперкусии за економска и социјална кохезија, одржлив раст и конкурентност и стареењето на европското население. Затоа е многу важно да се предвиди силна родова димензија во идната Стратегија за Европа 2020 која Комисијата ќе ја подготвува во следните пет години. Особено во време на кризи треба да ја инкорпорираме родовата димензија во сите наши политики што ќе биде од корист и за жените и за мажите“, изјави претседателот Жозе Мануел Баросо.
Повелбата содржи повеќе заложби засновани на усогласени принципи за еднаквост меѓу мажите и жените. Таа има за цел да промовира:

• еднаквост на пазарот на трудот и еднаква економска независност за жените и мажите, преку Стратегија за Европа 2020;
• еднаква плата за еднаква работа и работа од иста вредност преку соработка со земјите-членки за значително намалување на разликите во плата во следните пет години;
• еднаквост во процесот на одлучување преку мерки за поттикнување на ниво на ЕУ;
• дигнитет, интегритет и карај за насилството по основ на пол преку сеопфатна рамка; и
• родова еднаквост надвор од границите на ЕУ преку промовирање на ова прашање во надворешните односи и со меѓународни организации.
 



...21222324252627282930...
Секретаријат за европски прашања 2008