English      


[08.03.2010]
Реформи на високото образование: Европа мора да продолжи со модернизација и зголемување на квалитетот вели Василиу

[ назад кон листата на новини ]

  

Извештајот кој денес го презентираше Европската комисија покажува дека земјите се уште се соочуваат со предизвици во модернизацијата на високото образование иако помина цела декада од започнувањето на планот за реформи познат како „Болоњски процес“. Извештајот, кој содржи податоци добиени од 46-те земји кои се дел од процесот, покажува дека економската криза различно влијаела на високото образование со тоа што некои земји вложувале повеќе, а други драстично ги намалиле трошоците. За извештајот ќе се дебатира на Конференцијата на европските министри за високо образование која ќе се одржи на 11 март во Будимпешта и на 12 март во Виена.

„Последнава декада донесе голема експанзија во високообразовните системи надополнета со значајни реформи на степенот на образование и системите за гаранција на квалитетот. Мораме да продолжиме со модернизација и подобрување на квалитетот на високото образование, а да го направиме подостапно за граѓаните. Новата Стреперија Европа 2020 ќе даде дополнителен поттик за ова, посебно со поттикнување на мерките кои имаат за цел да го зголемат бројот на дипломци од една третина на најмалку 40% проценти од населението“, изјави Андрула Василиу, еврокомесар за образование, култура, мултилингвилизам и млади.
Болоњскиот процес, наречен според Италијанскиот град во кој што беше промовиран во 1999 година, го означи почетокот на серија реформи со цел европското високо образование да стане покомпатибилно, поунифицирано, поконкурентно и попривлечно за студентите. Главни цели беа:
• Воведување на тростепен систем на студии (додипломски, магистерски докторски студии)
• Гаранција за квалитет
• Признавање на квалификации и периодите на учење

Во Будимпешта и Виена комесарот Василиу ќе им се придружи на 46-те министри од земјите-учеснички во Болоњскиот процес и претставниците на заинтересираните страни официјално да го одбележат официјалниот почеток на „Европската област на високо образование“ и да одлучат за следните чекори што треба да се преземат.
 



...11121314151617181920...
Секретаријат за европски прашања 2008